Топ 10 фудбалери кои се слободни во јуни – Меси, Агуеро, Рамос, Алаба, Ди Марија…

Топ 10 фудбалери кои се слободни во јуни – Меси, Агуеро, Рамос, Алаба, Ди Марија…

пред 3 години

Во јануарскиот преоден рок немаше големи фудбалски трансфери, но затоа летниот, во јуни се очекува да е вистинска „бомба“.

Ова се можеби 10-те најатрактивни фудбалски имиња кои во јуни ќе се слободни играчи, доколку, се разбира во меѓувреме не го продолжат договорот со актуелниот клуб:

Џанлуиџи Донарума (Милан) –
Најдобрата сезона за Милан во последната декада може да е неуспешна доколку одличниот голман си замине од „Сан Сиро“. Запиша 200 меча меѓу „Росонерите“ иако има само 21 година.

Жером Боатенг (Баерн Минхен) –
Стоперот на Баварците веќе неколку сезони е на излезна врата во минхенскиот клуб. Сити е заинтересиран за 32-годишниот дефанзивец.

Серхио Рамос (Реал Мадрид) –
Од Реал покажаа дека немаат проблем да се откажат од една од клупските легенди, тој сака астрономски договор, а Перез му нуди многу помалку. Јунајтед трпеливо чека од страна да го види развојот на настаните.

Давид Алаба (Баерн Минхен) –
Уште еден играч од европскиот шампион е на излезна врата. Тој е еден од најдобрите универзалци во светски рамки. Се споменува Реал како негова следна дестинација.

Фернандињо (Манчестер Сити) –
Бразилскиот ветеран претходните сезони беше важна алка во „синџирот“ на Гвардиола. Тој има многу понуди од Јужна Америка.

Жоржињо Вајналдум (Ливерпул) –
Холанѓанецот летоска беше желба на Барселона, тогаш Ливерпул не го пушти, но летоска се чини извесен неговиот пат кон Каталонија.

Мемфис Депај (Лион) –
Холандскиот напаѓач ја оживеа кариерата откако си одите од „Олд Трафорд“, па по Франција, сега е пред нов предизвик. Летоска Лион ги одби понудите на Барса, ова лето ќе видиме.

Анхел Ди Марија (ПСЖ) –
Офанзивецот на „Светците“ има огромна плата во ПСЖ, тоа ги кочи заинтересираните клубови, а неговиот договор истекува.

Лионел Меси (Барселона) –
Апсолутно најинтересниот играч кој цела кариера ја помина на „Ноу Камп“. Заинтересирани Интер, Сити и ПСЖ. Францускиот шампион се чини најблиску до неговиот потпис.

Серхио Агуеро (Манчестер Сити) –
Напаѓачот на „граѓаните“ мака мачи со повредите сезонава и тешко е да се очекува дека ќе добие нов договор. Има 32 години и плата од околу 260.000 фунти неделно.

Share
Scroll to Top