Торино спасуваше реми против Сампдорија во луд меч

Торино спасуваше реми против Сампдорија во луд меч

пред 3 години

Торино и Сампдорија одиграа интересно 2:2 реми во деветтото коло во Серија А, откако и двата тима ја продолжија серијата без победа во италијанскиот шампионат – Торино сега нема победа на три меча, додека Сампдорија чека триумф веќе четири натпревари.

Андреа Белоти постигна два гола, но само еден му се броеше во првото полувреме (вториот беше поништен од ВАР), за да стигне до јубилејниот 99. гол и да донесе водство на „биковите“. Меѓутоа, тимот на Клаудио Раниери направи пресврт во второто полувреме со головите на ветераните Андреа Кандрева и Фабио Кваљарела, пред Суалио Меите да обезбеди реми за Торино во 77. минута.

Торино под водство на Марко Џампаоло останува на 18. место на табелата со само 6 поени, еден повеќе од Џенова, додека Сампдорија се 11. со 11 поени.

Share
Scroll to Top