Тор ослабе речиси 30 килограми во неверојатна трансформација пред дуелот со Хол

Тор ослабе речиси 30 килограми во неверојатна трансформација пред дуелот со Хол

пред 4 години

Хафтор „Планината“ Бјорнсон сподели фотографии од неговите подготовки, на кои се гледа драматичното губење на над 25 килограми како дел од тренингот за боксерскиот меч со британскиот ривал Еди Хол.

Поранешниот „најсилен човек на светот“ на фотографиите на Инстаграм изгледа екстремно мускулесто со порака: „Тежина 155 килограми. Фит, здрав и силен“.

Во 2020, кога постави светски рекорд со кревање на 501 килограм, 32-годишниот Исланѓанец, кој стана познат по улогата која ја имаше во серијата „Игра на тронови“ имаше над 180 килограми.

Бјорнсон и Хол ќе боксуваат во септември во Лас Вегас во боксерски меч кој е најавен како „најтешкиот боксерски меч“ во историјата. Двајцата имаат конфликт уште од 2017, кога Бјорнсон го обвини Хол за мамење при натпреварот за „најсилен човек на светот“.

 

Share
Scroll to Top