Тотенхем во историска криза: Четири кола, нула победи и нула голови

Тотенхем во историска криза: Четири кола, нула победи и нула голови

пред 5 часа

Тотенхем по четири рунди во Премиер лигата е единствениот тим што не успеал да постигне гол. Вечерва, Тотенхем одигра 0:0 со Евертон. „Карамелите“ по четири рунди се без пораз.

Прв пат во историјата на клубот, Спарс отворија лигашка сезона без да постигнат гол во првите четири натпревари.

Ова беше втор последователен нерешен резултат без голови за Тотенхем, а Лукас Бергвал ја имаше најдобра шанса да ја прекине катастрофалната серија, во финишот на натпреварот, но неговиот удар го одбрани Пикфорд.

Всушност, Евертон имаше подобри шанси да ги однесе сите три бода од Лондон.

Антонин Кински му ја даде топката на Кирнан Дјусбери-Хол со голема грешка, но голманот на Тотенхем успеа да ја исправи сопствената грешка и да го водство на гостите.
Поранешниот играч на Тотенхем, Бренан Џонсон, исто така имаше одлична шанса, но шутираше над голот.

За Тотенхем кризата продолжува – по четири кола, тие сè уште чекаат на својата прва победа и првиот гол во Премиер лигата.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top