Тотенхем и Мурињо го добија дербито со Арсенал и се вратија на првото место

Тотенхем и Мурињо го добија дербито со Арсенал и се вратија на првото место

пред 3 години

Тотенхем е нов лидер во Премиер лигата, откако во славното севернолондонско дерби со 2:0 го совладаа Арсенал, покажувајќи дека во моментов трае ерата на Жозе Мурињо и дека еден клуб е доминантниот.

За тимот на Мурињо повторно проработе врската Хери Кејн-Сон Хеунг-Мин, откако двајцата имаа по една асистенција и еден гол во првото полувреме за импресивна победа.

Кејн прво во 14-тата минута совршено го најде Сон, кој постигна апсолутно фантастичен гол, и иако потоа до крајот на мечот Арсенал имаше над 60 отсто од поседот на топката, контролата не ја предадоа. Во финишот на првото полувреме, Сон го пронајде Кејн за 2:0.

Со победата, Тотенхем е на врвот на Премиер лигата со 24 поени, пред Челси со 22 и Лестер и Ливерпул со 21 (Ливерпул со натпревар помалку), додека Арсенал се само на 15. место со 13 освоени поени.

Share
Scroll to Top