Тотенхем нуди 51 милион евра за Влаховиќ!

Тотенхем нуди 51 милион евра за Влаховиќ!

пред 5 години

Иако италијанските медиуми шпекулираа дека речиси сигурно српскиот фудбалски напаѓач летово ќе потпише за Јувентус, сепак британски „Сан“ пренесува вест дека центарфорот на Фиорентина има голема шанса кариерата да ја продолжи во Премиерлигата.

Наводно, стигнала официјална понуда до „виолетовите“ од 51 милион евра и тоа од таборот на Тотенхем.

Британците пишуваат и дека понуди на адреса на Фиорентина стигнале и од Милан, односно од Атлетико Мадрид, но тие не биле ниту приближно задоволувачки како онаа на „петлите“ од Лондон.

За потсетување, минатата сезона во Серија А Влаховиќ постигна 20 гола и беше една од ретките светли точки во тимот од Фиренца.

Share
Scroll to Top