Младиот шпански мотоциклист, Берта Вињалес, почина во саботата, по тешкиот инцидент што се случи на патеката во Херез. Вињалес е близок роднина со Маверик Вињалес, возачот на Апрлија во Мото ГП шампионатот. Тој возеше за тимот на Маверик, Вињалес Рејсинг тим.
На трката, возена во рамките на светскиот шампионат, Суперспорт 300, учествуваше во инцидентот заедно со уште петмина возачи. Вињалес се здобил со тешки повреди на главата и градниот кош.
Медицинскиот тим веднаш реагирал, но не успеале да го спасат животот на 15-годишниот возач.
Вињалес, оваа сезона дебитираше во Суперспорт 300.
Поради трагичниот инцидент, сите останати настани во Херес се откажани.
We’re devastated by the tragic loss of @DeanBerta21 following a crash in #WorldSSP300 Race 1 today
Sending all our love and strength to Maverick Viñales and Dean’s entire family, his team and loved ones pic.twitter.com/MSQYdhLQt3
— MotoGP™? (@MotoGP) September 25, 2021