Трамп го критикуваше Тухел, селекторот возврати: Го користите како релевантен сведок?

Трамп го критикуваше Тухел, селекторот возврати: Го користите како релевантен сведок?

пред 3 часа

Светското првенство доби и политичка димензија откако американскиот претседател Доналд Трамп јавно го критикуваше селекторот на Англија, Томас Тухел, по полуфиналниот пораз од Аргентина (2:1).

Трамп оцени дека Тухел направил голема тактичка грешка со тоа што во завршницата од натпреварот го повлекол капитенот и најдобар стрелец Хари Кејн во одбраната.

„Хари е фантастичен. Мислам дека направија катастрофална грешка што го претворија во дефанзивец. Што знам јас за фудбал? Водеа, а потоа најдобриот напаѓач и стрелец го ставија во одбраната да го чува голот“, изјави Трамп, додавајќи дека таквиот пристап бил „целосно луд“.

Тухел веќе неколку дена е изложен на жестоки критики од британските медиуми и навивачите, кои му замеруваат дека по водството ја повлекол екипата, ја сменил формацијата и се насочил исклучиво кон одбрана на резултатот, по што Англија прими два гола во завршницата.

Запрашан на прес-конференцијата пред натпреварот за третото место против Франција да ги коментира изјавите на Трамп, германскиот стратег реагираше саркастично.

„Го користите Доналд Трамп како релевантен сведок во овој случај?!“, му возврати Тухел на новинарот.

Потоа ја образложи својата тактичка одлука.

„Кога екипата во финишот се брани во длабок блок, тогаш се бранат сите, без исклучок. Нашиот систем е таков што се браниме со десет или единаесет играчи на нашата половина. Тоа не е кукавичлак, туку тимски дух, солидарност и кохезија во екипата“, изјави Тухел.

Share
Scroll to Top