„Требаше да добијат црвен картон! Ќе победиме во Минхен“

„Требаше да добијат црвен картон! Ќе победиме во Минхен“

пред 6 часа

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, верува дека неговиот тим може да го надмине минусот против Баерн и да се пласира во полуфиналето, во Лигата на шампионите.

Реал, синоќа во Мадрид загуби од Баерн со 1:2. Реваншот во Минхен се игра наредната среда.

– Мислам дека ова е пораз што можевме да го избегнеме со малку повеќе среќа. Направивме две грешки во додавањето на топката што требаше да ги избегнеме, а против тимови каков што е Баерн, ваквите грешки скапо се плаќаат. Ако некој може да победи во Минхен, тоа е Реал Мадрид. Ние сме Реал Мадрид, знаеме колку е тешко да се победи таму, но ќе победиме.

Тој зборуваше за Чуамени, кој е суспендиран за следниот натпревар:

– Тоа е хендикеп за нас, но имаме сигурни опции. Исто така, не знам како не досуди исклучување поради прекршокот врз Мбапе; тоа се одлуки што е тешко да се разберат, рече Арбелоа.

– Сметам на моите играчи во реваншот. Се восхитувам на нивната амбиција и желба да не загубат. Многу сум убеден дека можеме да одиме во Германија и да победиме – заклучи шпанскиот стратег.

Share
Scroll to Top