Тренерот на Лејкерс незадоволен од судењето

Тренерот на Лејкерс незадоволен од судењето

пред 4 години

Тренерот на Лос Анџелес Лејкерс бил незадоволен од судиските одлуки во завршницата на петтиот меч од финалната серија во НБА лигата. Мајами ја намалија предноста на Лејекрси на 3:2 откако петтиот меч го добија со 111:108.

Во последните 40 секунди Џими Батлер два пати шутираше слободни фрлања со што им ја обезбеди победата на Мајами. Според Вогел Батлер во двата случаи не бил фаулиран.

„Дефинитивно ќе одиграме подобро во наредниот натпревар. Ова беше тежок пораз. Бевме блиску, но не успеавме“, рекол Вогел и потоа ја коментирал завршницата.

„Личните грешки кои беа досудени за Батлер во финишот, по кои постигна поени од линијата за слободни фрлања, не се оправдани бидејќи Ентони Дејвис е совршен скокач, невозможно е тоа да беше фаул. Потоа фаулот на Маркус Морис кој беше на топка…тоа беа чисти ситуации. Разочаран сум од судиските одлуки“, заклучил тренерот на Лејкерси.

Share
Scroll to Top