Трета победа по ред за Антонели – Италијанецот победи во Мајами

Трета победа по ред за Антонели – Италијанецот победи во Мајами

пред 1 час

Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, триумфираше во трката за Големата награда на Мајами. Зад младиот Италијанец, завршија возачите на Мекларен, актуелниот првак, Ландо Норис и Оскар Пјастри.

По нив следуваат Џорџ Расел (Мерцедес), Макс Ферстапен (Ред Бул), Шарл Леклер (Ферари), Луис Хамилтон (Ферари), Франко Колапинто (Алпин), Карлос Саинц и Алекс Албон (двајцата од Вилијамс).

На овој начин, Антонели ја зголеми својата предност во генералниот пласман и по третата последователна победа, има 100 поени. Антонели стана првиот возач во историјата, кој до првите три победи стигнал, откако претходно ја освоил и пол-позицијата.

Трката започна три часа порано, поради страв од врнежи, а самиот почеток донесе хаос.

Ферстапен во втората кривина, по контактот со Леклер се вртеше 360 степени, па падна од втората на деветтата позиција, додека во тој момент Леклер беше во водство. Во шестиот круг беа видени два инцидента, по што Исак Хајар и Пјер Гасли ја завршија трката.

Ферстапен беше првиот што реагираше и стави нови гуми, тој падна на 17-та позиција, но потоа почна да се искачува кон врвот.

Но, веќе на средина од трката беше јасно дека битката за победа ќе ја водат Норис и Антонели. Италијанецот, благодарение на брилијантната тактика на тимот, во 39-от круг го презеде водство и не го испушти до крајот и покрај силниот притосок што го изврши Норис до 36-от круг.

Ферстапен добро се држеше и покрај истрошените гуми, но во финишот, не можеше да го издржи налетот на ривалите. Најпрвин го поминаа Леклер и Пјастри. Малку подоцна и пред него излезе и Расел.

Последните кругови ни донесоа битка за подиумот, Пјастри го мина Леклер, кој направи голема грешка, се вртеше на патеката, малку и го допре ѕидот, па во последните две кривини го претекнаа Расел и Ферстапен.

По четири трки, лидер во генералниот пласман е Андреа Кими Антонели со 100 бода, неговиот тимски колега Џорџ Расел е втор со 80, Шарл Леклер има 63 на третото место, а Ландо Норис 51 на четвртото.

Следната трка во календарот се вози за три недели во Монтреал, Канада.

Share
Scroll to Top