Триото на Јунајтед заработува повеќе од целиот тим на Брентфорд

Триото на Јунајтед заработува повеќе од целиот тим на Брентфорд

пред 3 години

Манчестер јунајтед се победници на летниот преоден рок во Премиер лигата. Клубот од „Олд Трафорд“ во засилувања вложи 149 милиони евра.

Нови играчи на Манчестер јунајтед станаа Џејдон Санчо (85 милиони евра), Рафаел Варан (41) и Кристијано Роналдо (23). Ниту еден од овие тројца нема помала неделна плата од 405.000 евра. Јунајтед за платите на Санчо, Варан и Роналдо годишно ќе троши 70 милиони евра.

Оваа сума е поголема од годишните буџети за плати во Лестер и Вест Хем јунајтед. Сумата од 70 милиони евра е за пет пати поголема од сумата која дебитантот во Премиер лигата, Брентфорд, ги издвојува за платите на сите 25 фудбалери.

Share
Scroll to Top