Изминатата ноќ во НБА беа одиграни само три натпревари, а Индијана, Феникс и Сан Антонио победија.
Индијана го победи Сакраменто со 116:105 на домашен терен, и така ја оствари својата шеста победа во сезоната. Индијана победи во четири од последните шест натпревари откако ја започна сезоната со 2/16.
Најдобри во победничкиот тим беа Ендру Нембхард со 28 поени и 12 асистенции, Бенедикт Матурин со 25 и Паскал Сиакам со 23 поени.
Новиот трипл-дабл на Расел Вестбрук не му помогна ниту на Сакраменто. Тој забележа 24 поени, 14 асистенции и 12 скока, негов четврти трипл-дабл во сезоната и 207-ми во кариерата. Рас е лидер во историјата на лигата со 207 трипл-дабл натпревари, 181 има Оскар Робертсон, а 175 Никола Јокиќ.
По овој пораз, Кингс имаат биланс од шест победи и 18 порази.
Феникс победи на гости против Минесота со 108:105. Марк Вилијамс со 22, Колин Гилеспи со 19 и Дилон Брукс со 18 поени беа најефикасни kaj Феникс. Од другата страна, се истакна Ентони Едвардс, кој го заврши натпреварот со 40 поени. Центарот Руди Гпбер беше исклучен поради неспортски потег.
Кошаркарите на Сан Антонио го победија Њу Орлеанс со 135:132 како гости. Спарс до победата ги предводеа Харисон Барнс со 24 и Дилан Харпер со 22 поени, додека најдобар играч во поразениот тим беше Дерик Квин со 33 поени и десет скока и асистенции. Квин го забележа првиот трипл-дабл во кариерата. За овој млад играч неодамна, по меѓусебниот дуел, комплименти подели Никола Јокиќ.
Сан Антонио сега има скор од 16 победи и седум порази, додека Њу Орлеанс остана на само три триумфи со 22 порази.






