Денвер Нагетс убедливо ги победија Јута Џез со 135:112 во НБА, а Никола Јокиќ стигна до својот 14-ти трипл-дабл во сезоната, 178-ми во неговата кариера.
Никола Јокиќ за помалку од две и пол четвртини го оствари овој потфат, кога му асистираше на Пејтон Вотсон седум минути пред крајот на третиот период. Тој го заврши натпреварот со 14 поени (5 од 7 шутеви од поле), 13 скока и 13 асистенции за помалку од 29 минути.
Му недостасуваат четири натпревари за двоцифрен учинок во три статистички категории за да го надмине Оскар Робертсон, кој ја заврши кариерата со 181 трипл-дабл, за второто место на вечната листа.
Натпреварот во Колорадо беше практично решен во првите минути. Денвер поведе со 19:0 и од тој момент немаше дилеми околу конечниот победник. Во ниту еден момент Јута не успеа да се приближи на помалку од 17 поени негатива.
Интересно е што Јокиќ беше шестиот стрелец на Нагетс во овој натпревар. Мареј беше најефикасен со 27 поени, Тим Хардавеј Џуниор имаше 21, Вотсон и Кем Џонсон имаа 20, а Браун го заврши натпреварот со 15 поени. Ова беше 21 победа за Денвер со седум порази.
За Јута, Лаури Марканен имаше 27 поени, додека Кејонте Џорџ имаше 20 поени. Јусуф Нуркиќ, постигна 17 поени со 14 скока.
Foto/ freerangestock






