Триумф на „милионерите“ – кога не стрела Халанд, тука е 16-годишниот Мукоко

Триумф на „милионерите“ – кога не стрела Халанд, тука е 16-годишниот Мукоко

пред 3 години

Борусија Дортмунд со победа од 2-0 против берлинска Херта го затвори саботното поглавје од 25. коло во Бундеслигата.
„Милионерите“ во првиот дел не можеа да го најдат патот до противничката мрежа, но тоа му успеа на Брандт во 54. минута.

Во последните моменти потврда на победата стави 16-годишниот Јусуфа Мукоко.

Борусија имаше предност од играч повеќе од 80 минута, директен црвен картон заработи Дарида.

Со овој триумф „милионерите“ остануваат во игра за позиција која и идната сезони обезбедува пласман во Лигата на шампиони, додека Херта ја очекува грчевита борба за опстанок.

Share
Scroll to Top