Фиорентина, забележа изненадувачка победа над Аталанта во Бергамо. „Виолетовите“ славеа со 2:1, со што и го нанесоа првиот пораз на Аталанта во Серија А.
ВАР-технологијата ја имаше главната улога на натпреварот во Бергамо. Сите голови беа постигнати со удари од белата точка. Досудените најстроги казни беа досудени по прегледувањето на снимките.
ВАР интервенираше и во 10.минута кога го понитши голот на Аталанта кој го постигна Џимшити.
Фиорентина доби пенал во 33.минута, по играњето на Меле пред својот гол. Влаховиќ погоди за 0:1. Нова ВАР интервенција имаше во 49.минута, кога Џимшити направи фаул во својот шеснаесетник. Сигурен реализатор на пеналот повторно беше Влаховиќ.
Во 65.минута, ВАР сигнализираше пенал за Аталанта. Реализитор беше Запата.