Англискиот фудбалски репрезентативец, Лук Шо (26) на неодамна завршеното ЕУРО 2020 беше еден од најстандардните во таборот на Герет Саутгејт.
На левиот бек на Манчестер Јунајтед треба да му се оддаде посебна почит откако се дозна дека последните три натпревари на континенталното првенство ги играл со скршени ребра.
Со сигурност ќе пропушти дел од подготовките на „црвените ѓаволи“, а прашање е дали ќе му биде ставен на располагање на Солскјер за воведниот меч од новата сезона против Лидс Јунајтед на 14 идниот месец.
Luke Shaw played against Germany, Ukraine, Denmark and Italy with broken ribs.
And he still finished Euro 2020 with three assists and a goal in the final. pic.twitter.com/I9Ugt5LDze
— B/R Football (@brfootball) July 20, 2021