Три натпревари на ЕУРО 2020, дербито е Шпанија-Шведска

Три натпревари на ЕУРО 2020, дербито е Шпанија-Шведска

пред 3 години

Нови три натпревари денес ќе се одиграа на Европското првенство во фудбал.

Денот ќе го отворат Шкотска и Чешка од 15 часот. Ова е натпревар од Д-групата, во која вечера Англија ја победи Хрватска со 1-0.

Шкотска и Чешка имаат амбиции да се пласираат во втората фаза на турнирот. Репрезенатацијата која ќе победи ќе биде поблиску до остварувањето на таа цел. Ова е клучниот натпревар во групата за Шкотска и Чешка, бидејќи во наредните две рунди за противници ќе ги имаат фаворитите Англија и Хрватска.

Во подготвителниот период пред почетокот на ЕП, Шкотска одигра 2:2 со Холандија и со 1:0 го победи Луксембург, додека Чесите доживеаја дебакл од Италија (0:4), а потоа со 4:1 ја победија Албанија.

Од 18 часот, Полска и Словачка ќе ја отворат Е-групата. Полјаците предводени од најдобриот светски фудбалер, Роберт Левандовски ја имаат фаворитската улуга, против незгодната Словачка, која низ баражот во Лигата на нации се пласираше на ЕП.

Проблем за Полска е лошата форма и резултатите на последните натпревари. Оваа година, Послак има само една победа и тоа над аутсајдерот Андора.

Словаците од друга страна, во 90 минути, на последните 13 натпревари победиле само еднаш.

Денот на ЕУРО 2020 ќе го затворат Шпанија и Шведска, селекции кои нема да можат да сметаат на по еден играч поради коронавирусот. Шпанија ќе биде без капитенот Серхио Бускетс, Шведска без Дејан Кулушевски.

Шпанија е фаворитот од сенка на ова ЕП, без вистинска ѕвезда но со еден куп квалитетни фудбалери. Пред ЕП ремизираа со Португалија, а претходно забележаа пет победи во низа.

Шведска има компактен тим, во одбраната предводен од искусните Гранквист и Линделоф, но проблем е нападот, каде во отсуство на Златан Ибрахимовиќ, товарот ќе мора да го понесе Алксандер Исак од Реал Сосиедад.

Share
Scroll to Top