Тројца дебитанти на спискот на Седлоски за баражот против Данска

Тројца дебитанти на спискот на Седлоски за баражот против Данска

пред 2 часа

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Гоце Седлоски го соопшти списокот на фудбалери кои се во комбинација за претстојните бараж натпревари за пласман на Светскиот шампионат.

Предводникот на националниот тим на располагање ќе има 28 играчи, а меѓу нив се тројца кои за прв пат ќе го носат дресот на македонската репрезентација, дефанзивецот на Борац Бања Лука, Себастијан Ерера, стоперот на тетовска Шкендија, Имран Фетаи и напаѓачот на Сиетл, Дени Мусовски.

Во составот има и фудбалери кои по извесна пауза повторно се дел од најдобрата селекција и тоа Бобан Николов од Вардар, Љупче Дориев кој настапува во првенството на Узбекистан и Егзон Бејтулаи од Дрита.

ГОЛМАНИ: Столе Димитриевски (Валенсија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука), Дејан Илиев (Рапид Букурешт)

ОДБРАНА: Езгијан Алиоски (Лугано), Андреј Стојчевски (Словачко), Себастијан Ерера (Борац Бања Лука), Дарко Велковски (Вардар), Ѓоко Зајков (Ајман), Никола Серафимов (Левски), Висар Муслиу (Сен Трујден), Имран Фетаи (Шкендија Тетово), Егзон Бејтулаи (Дрита)

СРЕДЕН РЕД: Елиф Елмас (Наполи), Енис Барди (Коњаспор), Бобан Николов (Вардар), Тихомир Костадинов (Сигма Оломуц), Решат Рамадани (Шкендија), Исник Алими (Далијан), Љупче Дориев (Согдиана), Лука Станковски (Колос Коваливка), Јани Атанасов (АЕЛ Лариса).

НАПАД: Бојан Миовски (Глазгов Ренџерс), Дарко Чурлинов (Коџаели), Милан Ристовски (Бохемијанс), Александар Трајковски (Локомотива Загреб), Елмин Растодер (Тун), Лирим Ќамили (Сондерјиске), Дени Мусовски (Сиетл)

Македонија во полуфиналето ќе игра против Данска, во Копенхаген на 26 март. Доколку Македонија победи, за пласман на Мундијалот ќе игра против победникот од дуелот меѓу Чешка и Република Ирска. Финалниот меч од баражот е закажан за 31 март.

Извор и Фото/ Фудбалска федерација на Македонија

Share
Scroll to Top