Тројца руски атлетичари побарале статус на Неутрални спортисти

Тројца руски атлетичари побарале статус на Неутрални спортисти

пред 3 години

Тројца врвни руски атлетичари, поднеле барање до Светската атлетска федерација (ИААФ), да им одобри на големите натпреварувања, вклучувајќи ги и Олимписките игри во Токи, да настапат како Неутрални спортисти.

Барањето го поднеле Екатерина Конева (трискок), Александар Менков (скок во далечина) и Валериј Пронкин (фрлање кладиво). Оваа информација на агенцијата ТАС, им ја соопштил менаџерот на атлетичарите, Павел Воронков.

Конева (33) е светска вицепрвенка од 2013 година и светска првенка во сала од 2014 година. Нејзиниот најдобар резултат изнесува 15,04 метри.

Менков (31) е светски првак во скок во далечина од 2013 година. Неговиот личен рекорд изнесува 8,56 метри.

Пронкин (27) е светски вицепрвак од 2017 година со личен рекорд 79,32 метри. Во моментот на светската ранг-листа се наоѓа на четвртото место.

Share
Scroll to Top