Турците го најдоа виновникот за нерешениот резултат против Црна Гора

Турците го најдоа виновникот за нерешениот резултат против Црна Гора

пред 3 години

Фудбалската репрезентација направи уште еден кикс на домашен терен, во квалификациите за пласман на Светското првенство. Откако во јуни, против Летонија, Турците испуштија предност од 3:1, истото им се случи и синоќа против Црна Гора.

Црна Горам во Г-групата, со спектакуларниот гол на Ристо Радуновиќ во 97.минута избори реми 2:2. Турците водеа со 2:0, а на истекот на првиот дел, Адам Марушиќ со својот деби гол во репрезентацијата намали на 2:1.

Јавноста и турските медиуми, по мечот го најдоа виновникот за непланираниот кикс. Во моментот кога Косовиќ ја започна акцијата за првиот гол на Црна Гора, Кенан Караман, ги врзуваше копачките.

Овој потег на Кахриман му овозможи на Косовиќ без проблем да мине на половината на Турција и да испрати перфектна асистенција до стрелецот Марушиќ.

Share
Scroll to Top