Томас Тухел ги спореди обидите на Тимо Вернер да ја врати прецизноста и голгетерската форма со „бркање“ на девојка, откако Германецот беше предмет на безброј шеги на Интернет по неверојатното промашување против Македонија по кое нашата репрезентација славеше со фантастични 2:1 во Дуизбург.
Вернер ќе има шанса да се оправда овој викенд против Вест Бром во сабота, а Тухел има совет за својот сонародник, велејќи му малку да „успори“ за да ја врати формата, а сега дава интересна аналогија.
„Ако девојката не сака да излезе со тебе, не можеш да ја изнесеш со сила. Направи чекор наназад и можеби подоцна ќе те повика. Против Македонија? Тоа беше лошо додавање од Илкај Гундоган, мислам! Се шегувам. Ја промаши шансата и сега сите го зборуваат тоа. Лесно е да се покажува со прст кон него, и среќен сум што е тука со нас. Да зборуваме искрено, во моментов му недостасува самодоверба и не му е лесно. Тимо дава голови од својата петта година и не престана. Треба да има доверба во својот мозок и телото и тоа ќе се врати. Тимо ќе стартува утре“, вели Тухел.
my god this Werner miss for Germany lmao pic.twitter.com/e2zZjpW39a
— Mike (@hactuary_) March 31, 2021