Лајпциг, утре, ќе го пречека Ливерпул, во Будимпешта во првиот осмина-финален натпревар во Лигата на шампионите. Германската влада, поради коронавирусот, го забрани гостувањето на Ливерпул, а како стојат работите и реваншот овие два тима ќе го одиграат на неутрален терен.
Во Ливерпул стигнало барање од УЕФА, да ја разгледаат можноста реваншот со Лајпциг да го одиграат на друго место, а не на својот стадион.
Германија има строги правила поради коронавирусот. Сите оние кои во земјата влегуваат од Велика Британија, задолжително мора да бидат две недели во карантин.
Доколку Лајпциг гостуваат во Англија, тогаш по враќањето во Германија ќе мора да минат две недели во изолација, што го го измести целиот распоред во Бундес лигата.
Германците веруваат дека Ливерпул ќе го прифатат предлогот на УЕФА. Доколку ова се случи Ливерпул ќе добие компензација од 300.000 евра.
Реваншот Лајпциг и Ливерпул ќе го одиграат на 10.март.