УЕФА жестоко го казни Хајдук

УЕФА жестоко го казни Хајдук

пред 1 час

Европската фудбалска федерација (УЕФА) му изрече казна на Хајдук Сплит.

Казната е поради она што се случи пред и за време на натпреварот на „Пољуд“ против Ајакс во Конференциската лига минатиот четврток.

Стадионот ќе биде затворен за следниот натпревар против Сент Тројден во третото коло.

Дополнително, „белите“ ќе мора да платат 80.000 евра.

Исто така, постои и условна казна, односно во случај на повторување на истите или слични инциденти предизвикани од пиротехнички средства, трибините на стадионот повторно ќе бидат затворени за еден од следните натпревари.

Дополнително, Хајдук беше казнет со 16.000 евра за непроодните скали на трибините.

Да потсетиме, за време на натпреварот, „Торцида“ со употреба на пиротехника се закани дека ќе го прекина наптпреварот, кој на крајот отиде во корист на домашната екипа (2:1).

Уште поголеми скандали се случија пред натпреварот, бидејќи најжестоките навивачи на домашната екипа пееја антисемитски и усташки песни низ градските улици.

Share
Scroll to Top