УЕФА со закана за клубовите кои прават Суперлига: Казните ќе се жестоки

УЕФА со закана за клубовите кои прават Суперлига: Казните ќе се жестоки

пред 4 години

„12 големи европски фудбалски клубови службено ќе ја објават веста за основање на Суперлига“. Ова е веста која пристигна денеска.

Уредникот на „РМЦ Спорт“ – Мохамед Бухафси тврди дека договорот го постигнале: Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Манчестер Сити, Арсенал, Челси, Тотенхем, Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Интер, Милан и Јувентус.

Британски „The Times“ наведува дека засега потпишани се 11 клуба, а сеуште недостасува потпис на Манчестер Сити.

Веднаш штом стигна веста дека европските „богаташи“ планираат да формираат своја лига, се огласија од УЕФА и најавија драстични казни за сите оние кои би учествувале во Суперлигата.

„УЕФА, Англискиот фудбалски сојуз и Премиерлигата, Кралскиот шпански сојуз и Ла Лига, како и Италијанскиот фудбалски сојуз и Серија А дознаа дека неколку англиски, шпански и италијански клубови планираат создавање на таканаречена Суперлига. Во случај тоа навистина да се слули, сакаме да повториме дека УЕФА, англиска ФА, РФЕФ, ФИГЦ, Премиерлигата, ла Лига, Серија А, но и ФИФА и сите наши други членки ќе останеме обединети во нашите напори да го запреме тој циничен проект кој се темели на интересите на неколку клубови во моменти кога на општеството му треба солидарност повеќе од било кога и да е. Ќе ги разгледаме сите мерки кои ни се достапни на сите нивоа, како правосудни, така и спортски, за да спречиме тоа да се случи. Фудбалот се темели на отворени натпревари и спортски заслуги и не може да биде поинаку.
Како што и претходно најави ФИФА и шесте федерации, на дотичните клубови ќе им биде забрането играње во секое натпреварување на домашна, европска или светска сцена, а на нивните играчи би можело да им биде ускратена можноста да ги претставуваат своите национални тимови.
Им благодариме на оние клубови во другите земји, посебно француските и германските клубови кои одбија да бидат вклучени во таа идеја. Ги повикуваме сите љубители на фудбалот, навивачите, политичарите да ни се придружат во борбата против таков проект. Тој интерес на неколкумина трае предолго. Што е многу – многу е“ се вели во соопштението од УЕФА.

Share
Scroll to Top