Украинецот Јармоленко ги „крена“ Вест хем против Севилја!

Украинецот Јармоленко ги „крена“ Вест хем против Севилја!

пред 2 години

Украинскиот напаѓач Андриј Јармоленко го постигна клучниот гол за Вест хем да ги победи со 2:0 по продолженијата шесткратните шампиони од Лига Европа, рекордерите Севилја, за пласман во четврт-финалето на второто по ранг европско натпреварување.

Севилја пристигна во Лондон со 1:0 предност од првиот меч на домашен терен, но Томаш Соучек ја елиминираше предноста во 39. минута од мечот. До крајот на регуларните 90 минути немаше нов гол, за во 112. минута, Јармоленко да се најде на вистинското место и да им однесе „чеканите“ одличен европски успех.

Во ироничен развој на настаните, и вториот клуб од Севилја, Реал Бетис испадна од натпреварувањето по продолженија, откако Ајнтрахт Франкфурт израмнија во 121. минута со голот на Хинтерегер, за да одат понатаму по 2:1 победата на гости.

Во четврт-финалето се и Лион, по 1:1 ремито со Порто, откако на гостувањето во Португалија славеа со 1:0.

ЛИГА ЕВРОПА, 1/8 ФИНАЛЕ, 2.МЕЧ

Ајнтрахт Франкфурт – Реал Бетис 1:1, прв меч 2:1, вкупно 3:2

Лион – Порто 1:1, прв меч 1:0, вкупно 2:1

Вест хем – Севилја 1:0, 2:0 по продолженија, прв меч 0:1, вкупно 2:1

ВО ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕТО НА ЛИГА ЕВРОПА ЌЕ ИГРААТ:

Аталанта (Ита), Ренџерс (Шко), Барселона (Шпа), Брага (Пор), РБ Лајпциг (Гер), Лион (Фра), Вест хем (Анг), Ајнтрахт Франкфурт Гер)

Share
Scroll to Top