Украинец дисквалификуван од ЗОИ олимписки игри поради кацигата

Украинец дисквалификуван од ЗОИ олимписки игри поради кацигата

пред 3 часа

Членот на украинскиот национален тим во скелетон Владислав Хераскевич (27) е дисквалификуван од Олимписките игри откако не сакаше да се откаже од настапот со „кацигата за сеќавање“ во чест на загинатите во војната со Русија.

И покрај изречната забрана од Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Хераскевич инсистираше да настапи со кацига на кој имаше фотографии од 24-те украински спортисти убиени во руската инвазија на неговата земја.

Во понеделникот, Украинецот ја носеше „кацигата за сеќавање“ за време на тренингот, а МОК потоа му забрани да ја носи, поради правилото што забранува какви било политички изјави на олимписките борилишта. Хераскевич не сакаше да се откаже и сè заврши со негова дисквалификација.

„Тој е дисквалификуван“, изјави портпаролот на украинскиот олимписки комитет откако МОК му понуди на Хераскевич опција да носи црна лента наместо шлем.

„Беше емотивно утро, за жал не можевме да најдеме решение. Не се работи за пораката тутку за правилата“, рече претседателката на МОК, Кирсти Ковентри.

Неговиот тренер, Михаило Гераскевич, најави жалба до Спортскиот арбитражен суд (CAS).

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top