Унаи Емери е кошмарот на Баерн Минхен

Унаи Емери е кошмарот на Баерн Минхен

пред 11 часа

Шпанскиот тренер Унаи Емери стана вистински кошмар за Баерн Минхен, независно од тоа каде работи. .

Емери со Астон Вила го шокира моќниот Баерн во второто коло од Лигата на шампионите, па може да се каже дека тој го има рецептот како да се победат Баварците.

Имено, Емери го израмни рекордот на Жозе Мурињо и стана единствениот тренер кој го победил Баерн со три различни клуба.

„Специјалниот“ тоа го направи со Челзи, Интер и Реал Мадрид, додека Емери успеа да го направи тоа со Астон Вила, ПСЖ и Виљареал.

„Докторатот“ на Емери на „Вила Парк“ ја прекина серијата на Баварците од 41 натпревар без пораз во групната фаза од Лигата на шампионите, бидејќи ова им беше прв пораз од 2017 година кога беа поразени од ПСЖ на Емери.

Share
Scroll to Top