Усаин Болт се проба и како музичар: Мојот албум не е шега!

Усаин Болт се проба и како музичар: Мојот албум не е шега!

пред 4 години

Светскиот рекордер на 100 и на 200 метри и рекордерот по бројот на златни медали на СП и на ОИ, Јамајканецот Усаин Болт (34) има нов животен пат – музиката. Откако престана со атлетиката се проба и како фудбалер, а сега се обидува и со музичка кариера.

Го промовираше својот прв сингл под наслов „Living The Dream“ заедно со неговиот пријател „NJ“.

За месец ипол песната на You tube има околу 500.000 прегледи

Сепак, дел од музичките критичари ја исмеаја музиката на Болт велејќи дека недостасуваат вокални способности.

„Работиме некои нови ритами кои наскоро ќе ги пуштиме во јавност. Не брзаме, сакаме нашата музика да излезе во вистинското време. Во подготовка е албум кој ќе биде интересен. Сакаме на луѓето да им покажеме дека не се шегуваме, сериозни сме во музиката и ќе си дадеме време. Исто како и во атлетиката, посветеност и трпение. Не сакаме да доминираме само во Јамајка туку да излеземе и на светски пазар“ рече Усеин Болт.

Share
Scroll to Top