УФЦ: Гaн го победи Розенстрајк во тешкашката пресметка, Вајт не е импресиониран

УФЦ: Гaн го победи Розенстрајк во тешкашката пресметка, Вајт не е импресиониран

пред 3 години

Сирил Гaн го совлада на поени Жаирзињо Розенстрајк на главниот меч на УФЦ Вегас 20 во саботата во пресметка во тешка категорија, но тоа не успеа да го импресионира УФЦ шефот, Дејна Вајт.

Непоразениот Французин, кому многумина му предвидуваат голема иднина во тешката категорија, беше тактички подобар во мечот без многу возбуди и знаеше да одговори на секој предизвик на Розенстрајк во 25-те минути добивајќи ја победата кај трите судии со 50:45 за да го подобри скорот на 8-0.

„Не правам шоу за фановите, но одам на победи. Жаирзињо е опасен човек и морав да бидам внимателен“, вели Ган.

УФЦ претседателот Дејна Вајт планираше меч со повеќе „искри“.

„Сите зборуваат дека Сирил е предизвикувач за титулата во тешка категорија, но видете што му направи Френсис Нгану на Жаирзињо. Ова беше шанса да покаже на светот кој е. Победи, но тоа е се што направи. Победи“, вели Вајт.

Share
Scroll to Top