УФЦ: Мекгрегор му предвиде „ран гроб“ на Поаире

УФЦ: Мекгрегор му предвиде „ран гроб“ на Поаире

пред 3 години

УФЦ легендата, Конор Мекгрегор повторно во свој стил го предизвика својот следен ривал, предвидувајќи му „ран гроб“ на Дастин Поаире на УФЦ 264 на 10 јули, во третиот меѓусебен меч.

И покрај тоа што „Дијамантотот“ Поаире целосно му се одмазди на Мекгрегор нанесувајќи му го првиот нокаут пораз во кариерата во јануари, Мекгрегор смета дека тој е апсолутниот фаворит во Лас Вегас следниот викенд.

„Три меча против мене за секој човек претставува ран гроб. Бог да ве благослови“, додаде Мекгрегор.

Претходно Американецот реагираше на коментарите на Мекгрегор

„А да направиме тој прв што ќе падне да е валкана кучка? Ова е ММА, сите работи се сметаат заедно. Мене ми изгледа дека некој е несигурен“, обвини Поаире.

Share
Scroll to Top