Уф! Мино Рајола го понудил Погба на Ливерпул!

Уф! Мино Рајола го понудил Погба на Ливерпул!

пред 3 години

Манчестер јунајтед и Пол Погба, очигледно, не можат да се договорат за продолжување на договорот и француската ѕвезда е поврзувана со трансфер во Пари Сен-Жермен, враќање во Јувентус, или според француските медиуми, најзачудувачки во лутите ривали Ливерпул.

Според францускиот „Ле 10 спорт“, агентот на Погба, контроверзниот Мино Рајола го понудил фудбалерот на Јирген Клоп и на „црвените“, во потенцијален трансфер кој би бил екстремно контроверзен.

Погба ќе ја започне последната сезона од договорот со клубот од „Олд Трафорд“, и трансфер на „Енфилд“ би бил нешто што ниту еден навивач на Јунајтед нема да му го прости.

Share
Scroll to Top