Уште не е играч на Интер, а тресе мрежи за „Нероазурите“

Уште не е играч на Интер, а тресе мрежи за „Нероазурите“

пред 3 години

Фудбалскиот репрезентативец на БиХ, Един Џеко иако се уште официјално не е играч на милански Интер, попладнево тој го постигна првиот гол за „Нероазурите“ на пријателскиот меч против Динамо Киев.

Џеко по една долга топка во 34 минута го измами голманот и погоди за 2:0. Во второто полувреме Џеко беше повлечен од игра, на негово место влезе Пинамонти.

Џеко иако се уште не е промовиран како нов играч на италијанскиот шампион, тренерот Симоне Инзаги го смести во првата постава

Џеко на грбот го носи бројот 9 кој минатата сезона му припаѓање на Ромелу Лукаку, откако тој направи трансфер во Челси.

Интер нема да плати отштета за Џеко кој минатата сезона во дресот на Рома на 38 меча постигна 13 гола и имаше 5 асистенции.

Share
Scroll to Top