Поранешниот соиграч и близок пријател на Лео Меси, Цеск Фабрегас го предупреди Аргентинецот дека францускиот фудбал не е толку „слаб“ како што сметаат повеќето фудбалски фанови, додавајќи му дека сега постои притисокот да се донесе трофејот од Лигата на шампиони во Париз.
34-годишниот Фабрегас, поранешен играч на Арсенал, Челси и секако, Барселона, во моментов игра за Монако, кои под водство на Нико Ковач за малку ќе завршеа пред ПСЖ на второто место на табелата во Франција минатата сезона. Фабрегас, кој мина низ истата школа на Барселона, и редовно оди на одмор со Аргентинецот вели дека работата мора да се сфати сериозно.
„Секако, кога ПСЖ нема да ја освојат лигата, сите велат дека тоа е катастрофа бидејќи трошат многу пари. Сите гледаат на лигата како на лига со еден силен клуб, во последните пет години Монако и Лил освојуваа титули. Не е така лесно како што мислат луѓето. Многу е интензивно, агресивно, многу брзи и силни играчи. Дали ќе ги победиме ПСЖ оваа година? Ќе се обидеме. Кој мислеше дека лани Лил ќе бидат шампиони? На хартија, да, ПСЖ се најсилниот тим, но нема гаранции“, објаснува Фабрегас.