Фановите на Вила до Грилиш: Зошто сакаш да одиш во клуб кој е стар 10 години?

Фановите на Вила до Грилиш: Зошто сакаш да одиш во клуб кој е стар 10 години?

пред 3 години

Фановите на Астон вила се појавија на тренингот на својот клуб и му порачаа на капитенот Џек Грилиш да не потпишува за Манчестер сити, пред трансферот кој е пред реализација.

Се верува дека Вила ќе ја прифати понудата на Сити од 100 милиони фунти за 25-годишниот Англичанец, но ниту сумата не ги израдува навивачите на Вила кои директно се обидуваа да го убедат да е потпишува за „граѓаните“.

„Знаеш колку те сакаме, ајде! Дали сакаш да се приклучиш на клуб кој е формиран пред 10 години“, вели едниот навивач.

„Сити се мал клуб, другар, ќе те уништат“, вели другиот.

Грилиш не одговори на провокациите и потоа се фотографираше со фановите.

Share
Scroll to Top