Фантастичниот Винисиус му донесе поен на Реал Мадрид кај Леванте

Фантастичниот Винисиус му донесе поен на Реал Мадрид кај Леванте

пред 3 години

Леванте на Енис Барди беше на чекор до импресивна победа над Реал Мадрид, пред да примат гол во 85. минута за 3:3 реми со тимот на Карло Анчелоти.

Работите почнаа одлично за „кралевите“ – Карим Бензема уште во петтата минута му асистираше на препородениот Герет Бејл за рано водство, кое го оддржаа до крајот на полувремето. Стартот на второто беше во знак на клубот од Валенсија, кој прво преку Марти Роџер израмни во 46. минута, за само девет минути подоцна Хозе Кампања да ги донесе аутсајдерите во водство.

Винисиус Жуниор во 73. минута од мечот израмни на 2:2, за во 79. минута, Робер Пјер повторно да ги донесе Леванте во водство, но Винисиус беше џокер за Анчелоти, изборувајќи поен во 85. минута со апсолутно прекрасен гол. Барди влезе во игра во 78. минута од мечот на местото на Кампања.

Share
Scroll to Top