ФА го обвини Кавани за „gracias negrito“

ФА го обвини Кавани за „gracias negrito“

пред 3 години

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), го обвини за недолично однесување, напаѓачот на Mанчестер јунајтед Единсон Кавани. Минатиот месец, по победата над Саутемптон, во која Кавани постигна два гола, објави видео на Инстаграм со зборовите „gracias negrito“ му се заблагодарил на еден свој пријател за честитките.

Веднаш ја избришал пораката кога бил известен дека таа може да биде погрешно протолкувана. Подоцна Кавани се извини во јавноста.

Кавани и Манчестер јунајтед имаат рок да одговорат на овие обвинувања до 4.јануари 2021 година.

Уругваецот може да добие суспензија од три натпревари.

Share
Scroll to Top