Федерер поради семејството се откажал од АО

Федерер поради семејството се откажал од АО

пред 3 години

Роџер Федерер се откажал од настапот на Австралија опен поради семејството. Човекот кој во Мелбурн е линкот помеѓу организаторот и играчите, Андре Са, тврди дека сопругата на Федерер, Мирка, не и се допаднала идејата со децата да биде 14 дена во карантин.

Федерер, поради повредата на коленото и двете операции, не играл една година. Последниот настап го имаше лани во полу-финалето на Австралија опен, кога беше поразен од Новак Ѓоковиќ.

Тој имаше желба да настапи на турнирот оваа година, но изјави дека не бил доволно подготвен.

„Карантинот е главната причина“, рекол Са и дополнил.

„Разговаравме пред еден месец, имаше две опции. Можеше да дојде со семејството и сите да бидат во карантин. Проблемот е што Мирка и децата ќе мораа да бидат 14 дена во една просторија. Само играчите смеат да го напуштаат хотелот. Таа идеја не и се допадна на Мирка. Втората опција беше да дојде сам, што би значело дека треба да биде одвоен од семејството пет недели. Рече, имам 39 години, 20 Гренд слем титули. Не сакам толку долго да бидам одвоен од семејството“.

Роџер и Мирка Федерер имаат четири деца.

Share
Scroll to Top