Федерер пристигна во Дубаи, Љубичиќ вели почнува вистинското

Федерер пристигна во Дубаи, Љубичиќ вели почнува вистинското

пред 4 години

Иван Љубичиќ, поранешниот хрватски тенисер и светски број 3, од 2016 година работи со Роџер Федерер како тренер и сега пристигна во Дубаи со Швајцарецот во обид да се направи брз камбек на тенисот на Австралија опен во февруари и покрај најавите дека Фед-Екс не е подготвен за акција.

Ова е втор обид на камбек на Федерер, кој поголемиот дел од кариерата ја помина без поголеми повреди, по двете операции на коленото.

„Првата цел, секако, е очигледна – да се подготвиме за првите турнири во 2021 година, каде што ќе може да играме. Сега е малку потешко без фиксен календар, иако ние работиме како да е нормална година. Од 14 декември сум во Дубаи и подготвени сме да тренираме, да работиме. Би можел да кажам дека Вимблдон е главната цел, како секоја година за Роџер, но ќе го почекаме календарот“, вели Љубичиќ.

Оваа недела, АТП турнејата објави ревидиран календар за 2021, но само за првите седум недели од сезоната. Квалификациите за Австралија опен ќе се оддржуваат во Дубаи од 10 до 13 јануари, по што од 15 до 31 јануари тенисерите ќе патуваат во Австралија каде што ќе мораат да „отслужат“ карантин од 14 дена пред стартот на турнирот. АТП купот во Мелбурн од 1 до 5 февруари е првиот турнир, по што следува Аделаида интернешнл и уште еден турнир од 31 јануари до 6 февруари, па Австралија опен од 8 до 21 јануари.

Share
Scroll to Top