Фенербахче бара странски судии во домашното првенство

Фенербахче бара странски судии во домашното првенство

пред 3 дена

Фенербахче побара од турската фудбалска федерација да ангажира странски судии за првенствените натпревари.

Клубот од Истанбул смета дека домашните судии не можат да го издржат притисокот и да ги водат натпреварите според правилата.

„По 16 натпревари не може да се негира дека судиите влијаат на резултатите. Сезоната која започна со разговори за „правдата во фудбалот“ се претвори во мрачен театар на скандалозни судиски одлуки, секако на штета на нашиот тим. Турскиот фудбал систематски се уништува, особено со ВАР-от“, се вели во соопштението на Фенербахче.

Во жестокото писмо се нагласува дека судиите фаворизираат „еден тим“. Не се истакнува, но јасно е дека прстот е вперен во Галатасарај.

Капката што ја прли чашата беше натпреварот против Ејуп во петокот (1:1).

„На нашиот противник му беше дозволено да остане со единаесет играчи бидејќи судијата не покажуваше црвени картони. Бевме сведоци на судиски масакр кога на нашиот тим не му беа досудени два чисти пенали. Не можеме повеќе да го жртвуваме турскиот фудбал поради оваа бесрамна корупција. Тоа веќе не се грешки. Не го прифаќаме овој срам. Сакаме правда и бараме веднаш да се назначат странски судии“, се вели во соопштението на Фенербахче.

Фенербахче е втор на табелата со 36 бодови, осум помалку од лидерот Галатасарај.

Share
Scroll to Top