Фенербахче го здроби „фенерџијата“ Химки за 8. триумф во низа во Евролига

Фенербахче го здроби „фенерџијата“ Химки за 8. триумф во низа во Евролига

пред 3 години

Турски Фенербахче со победа од убедливи 107-76 вечерва славеше во Русија, кај Химки во рамки на 23. коло во кошаркарската Евролига. Ова за екипата предводена од Игор Кокошков беше осми триумф во низа во Евролигата.

Првата четвртина помина во израмнета игра, гостите од Истанбул го добија овој период минимално со 23-22.

Сепак во вториот период фаворитот на овој меч заигра поангажирано, па на полувреме Фенер отиде со +9, 53-44.

Агонијата на руската екипа продолжи и во третата четвртина која гостите ја добија со +26, 83-57 за во последниот период да го одведат мечот до огромен триумф со +31 – 107:76.

Најпрецизен во победничката екипа беше Де Коло со 18 поени, го следеа Браун со 17 и Весели со 15.

Убедливо најефикасен на мечот беше кошаркарот на Химки, Алексеј Швед кој броеше до 29.

Фенербахче со овој триумф се искачи на осмата позиција на табелата со 13 победи, а Химки е закован на дното со само 2 триумфа.

Од ова коло во тек е дуелот Олимпијакос – Барселона, а подоцна започнува мечот Милано – Зенит.

Share
Scroll to Top