Ферари од почеток знаеле дека имаат катастрофален болид

Ферари од почеток знаеле дека имаат катастрофален болид

пред 4 години

Ферари ја имаа својата најлоша сезона во Формула 1 во блиската историја, и спортскиот директор на тимот, Лорен Мекис признава дека тие знаеле уште на зимското тестирање дека 2020 ќе биде година за заборав.

Италијанскиот тим беше само 14. и 16. на првата недела на тестирање, со дури 2.4 секунди заостанување зад Мерцедес, а во втората недела имаа мало подобрување. На крајот, тимот заврши само на шестото место во генерален пласман, а Шарл Леклер и Себастијан Фетел ретко беа во борба за поени и за подиуми.

„Во Барселона, бргу сфативме дека треба да бидеме сериозно загрижени за перформансите на болидот. Иако беше тешко да се оцени колку заостануваме во однос на конкуренцијата, веднаш знаевме дека 2020 ќе биде многу тешка“, признава Мекис.

По овие тестирања, следуваше пандемијата на КОВИД-19 и во март Ферари ја затвори фабриката и веќе не работеше на подобрување на болидот во следните месец-два.

Share
Scroll to Top