„Фергусон е мојот фудбалски татко, поради него се вратив во Јунајтед“

„Фергусон е мојот фудбалски татко, поради него се вратив во Јунајтед“

пред 3 години

Кристијано Роналдо по 12 години се врати во Манчестер јунајтед. Португалецот, последните две сезони ги мина во Јувентус, а претходно една деценија беше играч на Реал Мадрид.

За трансферот на Роналдо, Јунајтед, издвоија околу 23 милиони евра. Клубот дел од парите, на Јувентус, ќе му ги исплати на рати.

Роналдо, во своето прво интервју по трансферот на „Олд Трафорд“, открил клучна улога во неговата одлука да се врати на местото каде што имаше многу успеси, имал Алекс Фергусон.

„Знаете дека имам фантастично минато со овој клуб. Тука дојдов како 18-годишник, драго ми е што се вратив 12 години подоцна. Фергусон е мојот фудбалски татко. Ми помогна многу, ме научи многу работи, одигра значајна улога во мојата кариера. Останавме во контакт во текот на сите овие години, тој е неверојатна особа“, изјави Роналдо за клупската телевизија.

Португалецот рекол дека се уште не се видел со менаџерот Оле Гунар Солскјер, но дека ќе разговара со него откако ќе им се приклучи на соиграчите.

„Како што знаете играв со него две или три сезони. Имаме извонредни односи, но сега имаме поинакви улоги. Тој е тренер, а јас и понатаму сум фудбалер“.

Share
Scroll to Top