Фергусон: Се плашев дека веќе нема да можам да зборувам

Фергусон: Се плашев дека веќе нема да можам да зборувам

пред 3 години

Легендарниот менаџер на Манчестер јунајтед, Сер Алекс Фергусон признава дека се плашел дека ќе го загуби сеќавањето и гласот откако доби мозочен удар во 2018 година.

79-годишниот Шкотланѓанец, кој сигурно е еден од најголемите фудбалски тренери во историјата, мораше да оди на операција и помина неколку дена во болницата во Салфорд по болеста.

„Една од првите работи кои ги кажав денот по операцијата кога моето семејство дојде да ме види, беше за моето сеќавање. Преживеав со сите прекрасни сеќавања на мојот живот. Следната недела го загубив гласот. Не можев да кажам ништо и тоа беше ужасно. Работите ми поминуваа низ умот – дали ќе ми се врати сеќавањето? Дали повторно ќе можам да зборувам?“, вели Фергусон.

Тој објаснува дека по работа со лекарите, гласот му се вратил по 10 дена.

„Терапевтот за говор дојде и ми кажа да ги запишам сите членови на семејството , на мојот фудбалски тим. Таа ме прашуваше прашања за животни, риби, птици.. На крајот, по 10 дена ми се врати гласот. Кога поминав ни тоа, сфатив дека сеќавањата ми се тука“, објаснува Ферги.

Алекс Фергусон беше менаџер на Манчестер јунајтед од 1986 до 2013 година, освојувајќи 13 титули од Премиер лигата, 5 ФА купа и две титули од Лигата на шампионите. Во 1999 година беше прогласен за витез од кралицата Елизабета Втора, откако Јунајтед освоија тројна титула (ЛШ, Премиер лига и ФА куп).

Share
Scroll to Top