Фернандо Алонсо прогнозира: Шпанија – Хрватска 3:0

Фернандо Алонсо прогнозира: Шпанија – Хрватска 3:0

пред 3 години

Двојниот поранешен Ф1 шампион и за многумина еден од најдобрите возачи во историјата на овој спорт – Шпанецот Фернандо Алонсо е уверен дека неговите сонародници, шпанските фудбалски репрезентативци лесно и убедливо ќе ја совладаат Хрватска во осминафиналето.

Алонсо го прогнозираше точниот резултат на дуелот кој во понеделник ќе се одигра на стадионот „Паркен“ во Копенхаген.

„Се надевам дека Шпанија поминува понатаму. Ќе биде 3:0“ – сигурен е Алонсо кој е возач на францускиот тим Алпин.

Шпанецот предвидува и победа на Франција на дуелот против Швајцарија, па судир на двете фаворизирани селекции уште во четвртфиналето.

„Верувам дека потоа ќе одиме на Франција. Тоа ќе биде тешко, посебно во мојот тим. Ќе морам да ја затворам вратата и сам да го гледам тој натпревар“ истакна Алонсо.

Share
Scroll to Top