Фернандо Сантос: Зборот оставката не е во мојот речник

Фернандо Сантос: Зборот оставката не е во мојот речник

пред 1 година

Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош одби да поднесе оставка по поразот од Мароко во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.

„Оставка? Тој збор не постои во мојот речник“, изјави Сантош за „Спорт ТВ“.

Сантош е селектор на Португалија од 2014 година, а договорот му истекува по Европското првенство во 2024 година.

Тој рече дека во недела ќе се врати во Лисабон и ќе се сретне со претседателот на Фудбалската асоцијација, Фернандо Гомеш, за да разговараат за иднината на националниот тим.

„Кога ќе се вратиме во Португалија, ќе имаме мирна дискусија и ќе видиме каква анализа можеме да направиме. Не знам дали можеме да зборуваме за неуспех. Можевме и подобро, но има денови како денешниот, кога треба малку среќа“, изјави 68. годишниот тренер.

Португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуза се заблагодари на националниот тим за резултатот, додека премиерот Антонио Коста му честиташе на тимот кој, како што рече, донесе радост на Португалците и кој „останува еден од најдобрите во светот“.

Share
Scroll to Top