Ферплеј каков што ретко се гледа – Морелос сопре опасен напад за да се помогне на ривалот

Ферплеј каков што ретко се гледа – Морелос сопре опасен напад за да се помогне на ривалот

пред 3 години

Колумбискиот напаѓач на Глазгов Ренџерс, Алфредо Морелос покажа дека ферплејот во фудбалот не е мртов, откако на дуелот со Антверпен во Лига Европа сопре опасен напад за да може да се помогне на противнички фудбалер.

Ренџерс беа во одлична шанса со контра во првото полувреме, со Морелос на крилото, пред Џереми Гелин да се обиде да го сопре и да го повреди бутниот мускул. Морелос наместо да продолжи со играта, реши да го почека судијата да го прекине мечот. Потегот е уште позачудувачки бидејќи Морелос има направено репутација на еден од најбурните фудбалери во тимот на Стивен Џерард и честопати е казнуван со картони по брутални стартови.

И напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку беше импресиониран од однесувањето на Морелос и коментираше на социјалните мрежи. Ова не му пречеше на Морелос да даде гол и да има две асистенции при 5:2 победата на Ренџерс.

Секоја чест.

Share
Scroll to Top