Ферстапен: Глупави квалификации

Ферстапен: Глупави квалификации

пред 3 години

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, со видно незадоволство ги коментирал квалификациите пред трката за Големата награда на Баку. Лидерот во генералниот пласман, трката ќе ја започне од третата позиција.

Квалификациите низ улиците на Баку, беа обележани со серија инциденти. Петмина ги искршија своите болиди во третата кривина. Последни тоа го направија Јуки Цунода и Карлос Саинц поради што квалификациите беа прекина на 20 секунди до крајот.

„Глупави квалификации. Искрен сум, но тоа е така. Тоа е улична патека, такви работи се случуваат. Нашиот болид е силен, се надевам дека во недела ќе освоиме важни бодови“, рекол Ферстапен.

Трката за Големата награда на Азербејџан ќе се вози утре од 14 часот. Траката од првиот стартен ред ќе ја започнат Шарл Лекер и Луис Хамилтон.

Share
Scroll to Top