Ферстапен е лут: Подобро да победев, па да ме казнеа!

Ферстапен е лут: Подобро да победев, па да ме казнеа!

пред 3 години

Макс Ферстапен е лут на својот тим Ред бул што му наредил да го пропушти Луис Хамилтон во драматичната завршница на Бахреин ГП трката, и посочува дека ќе му било подобро да победи на трката, а потоа да биде казнет.

Асот на Ред бул, Ферстапен ја загуби пол-позицијата при првото влегување во боксот, но во финишот на трката беше веднаш зад Хамилтон, поминувајќи го шампионот во 53. круг од трката. Меѓутоа, при излегувањет на четвртата кривина, тој излезе од патеката, и од тимот му препорачаа да го препушти првото место, по што немаше шанси уште еднаш да го нападен возачот на Мерцедес.

„Повеќе сакав да завршам како прв, а потоа нека ме казнат, отколку да сум втор. Тоа е мое мислење и не мора да се согласите со мене“, изјави Ферстапен по трката.

Тој го кажа тоа и во радио-комуникацијата со Ред бул велејќи им: „Зошто само не ме пуштивте. Ќе направев пет секунди предност. Подобро да загубев така“.

Шефот на Ред бул, Кристијан Хорнер вели дека едноставно морало да се заврши така.

„Имавме инструкција од директорот на трката да го врати местото веднаш. Макс беше фер и го направи тоа. Немаше гаранција дека ќе добиеме казна само од пет секунди. Затоа тоа беше исправната работа“, вели Хорнер.

Share
Scroll to Top