Ферстапен зад воланот на Мерцедес

Ферстапен зад воланот на Мерцедес

пред 3 часа

Додека останатите возачи на Формула 1 одмараат, Макс Ферстапен ќе биде зафатен и овој викенд.

Четирикратниот светски шампион е во одлична форма, што го покажа со победите на последните две трки во Малезија и Сингапур зад воланот на Ред Бул.

Дека не е само љубител на Формула, големиот Холанѓанец ќе покаже овој викенд кога ќе учествува на последната трка од шампионатот GT3 во Портимао, Португалија.

Макс ќе биде дел од „Mercedes AMG Team Verstappen Racing“, во кој ќе бидат и Крис Лулам и Бен Барникот. Заедно, тие ќе се обидат да го постигнат најдобриот можен пласман.

Главната трка, која трае три часа, е закажана за сабота од 18:00 до 21:00 часот.

Следната трка во шампионатот на Формула 1 е закажана за следната недела во Остин.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top